Новости

Женски муабети

Соништата стануваат реалност – Во изработка е робот кој ќе ги извршува домаќинските работи наместо вас

Многу компании размислуваат за обврските кои се чини дека немаат крај, додека се тркаат да направат понапреден домашен робот – батлер. До денес, сретнавме правосмукалки кои работат без човечка помош и тоа ги квалификуваше да се вселат во многу домови. Но, се чини дека домашните помошници на батерии можат да направат повеќе од тоа, не уверуваат од компанијата Тојота, чии роботи направија чекор напред во извршувањето на домакинските работи.

Тојота постави добро прашање. Што навистина сакаат луѓето од домашните роботи? И полека почна да ги нуди првите практични одговори.

Истражувачкиот институт на оваа компанија претстави серија роботи кои се наменети да им помагаат на постарите во домашните работи. И првата пречка беше постигната. Новата генерација на домашни помошници е преголема за вообичаените простории во куќата.

Сепак од Тојота велат:
„Роботите што ги гледате денес се прототипови за забрзување на нашето истражување, но нема наскоро да се претворат во производи“, изјави потпретседателот за роботика на оваа компанија.

Ова се само првите чекори во развојот на домашни роботи. Се надеваме дека во блиска иднина ќе можат да не заменат во домашните работи, да ја одржуваме куќата брзо и лесно, со минимум човечки ангажман.

Слично на задачите во деловниот и индустрискиот свет во кој роботите сè повеќе заземаат „валкани, здодевни и опасни“ работи, списокот на обврски во домаќинството што прво би биле оставени на роботски раце вклучува миење облека или садови, собирање лисја и чистење на ѓубрето.

Евротип
Евротип
To Top