Новости

Женски муабети

Со нас жените треба само МАШКИ: Тивко!

Жена сум и знам дека понекогаш знаат да ни се качат на глава. На почетокот е се розово, „брда – долини“, симнување ѕвезди. Потоа следи свадбата на која се вејат ора, се „прскаат огномети“, се слави за тоа што девојката ќе стане жена! Жена или домаќинка? Или домаќинка или слугинка? Кој знае како и зависи како гледаме на работите!

Готвењето е забавен процес, се додека не стане обврска! Чистиот дом, уредувањето е исто така нешто кое ние жените го уживавме, но кога ќе пристигнат децата, кога семејството се множи…тоа и не е така интересно? Можеби повеќе е мачно!

Жена сум и знам дека во ПМС полудуваме, но во ПМС сигурни сме дека не полудуваме. Дека само така им се причинува! Чудно!

Жена сум и знам дека понекогаш претеруваат, но ајде малку да се спуштиме на земја, па за почеток да го симнеме тој ГАРД и да се запрашаме:„Дали можеби понекогаш претеруваме?!“ Малку самокритично да си признаеме дека понекогаш сакаме да се лутиме, а особено сакаме да сме во право! Па и да не сме!

За момент, само за момент замислете како тоа изгледаме во очите на еден маж! Мора да не сакаат кога сме лути, мора да не сакаат кога сме насмеани, мора да не сакаат кога сме самиот ѓавол, мора да не разбираат кога ги сакаме и кога не ги сакаме. Мора да сфатат дека ни е тешко, дека се бориме за права, дека никој не не слуша, дека сме успешни, дека сакаме да бидеме успешни. Мора да разберат дека ни треба јога, маникир, масажи, циркузи! Мора да ни ги сфатат сите хирови. И во цела таа приказна, ние сме толку многу гласни, а тие знаат како со нас. Машки и само тивко! Но, што ако постојано молчат? Не би се запрашале ли дека и тоа е проблем?

Симнете го егото и од време на време признаете дека грешиме! Не! Не сме секогаш во право! Не! Не мора секогаш да ја поднесуваат нашата лутина и не, не мора да се дружат со ѓаволот во нас!

GOLD
To Top