Новости

Женски муабети

Староста не се плаши од Моника Белучи, но и Моника не се плаши од староста!

Моника Белучи остаре, без да побара од никого дозвола, што предизвика бура од огорченост кај ,,огнените борци” против природното стареење. Се разбира оваа ,,армија” која постојано се бори со староста, е најповеќе претставена преку женската популација.

Моника вели дека го негира целото значење на животот на дамите кои се во секојдневна, доживотна борба и пратење на знаците на стареење секоја минута. Тие се борат – а Белучи само живее.

Неодамна, таа се осмели да оди по црвениот тепих, гордо покажувајќи ги годините. Покажувајќи го нејзиното прекрасно лице и тело со сите брчки, темни кругови и вишок килограми, со сето она што и го подари природата, без двоумење и целосно незаинтересирана за мислењето на поддржувачите на бескрајната младост. И тоа е одлично! Затоа што некој конечно треба да му каже на светот дека стареењето воопшто не е срам.

А која друг, ако не брилијантната Моника, која покажа дека е можно да се старее убаво и достоинствено, без да се изгубат скапоцените години од животот поради бесмислена борба со природата.

Евротип
SNBROKER
To Top