Новости

Женски муабети

Стоп на стравот и самокритичноста!

Постојат жени кои не се свесни за својата убавина. Усрамено се кријат и не го прифаќаат својот одраз. Тие се секогаш елегантни, перфектни и педантни до ,,ужас”, а штом некој ќе го запримети тоа и им даде комплимент, тие недоверливо реагираат и уплашено си бараат маани.

Но, штом човек ги прифати своите маани, ќе ги разбере и ќе знае да ги искористи своите доблести.

Секој ги има! Но, понекогаш е латентна убавината. Сокриена зад една уплашена дама која трепери како лист и ужасно се плаши од светот.

Совет:Пуштете се во погон! Уживајте го светот и во светот токму вас нека ве помнат како најубава! Ништо не е страшно околу тоа! Никој нека не ви суди, а ниту пак вие! Разгалете се со нови парчиња облека, педикир, медикир, фризер, накит, раскош, но никогаш не плашете се да ја пуштите онаа вистинската вие.

Ништо не е толку страшно како што изгледа, а вие си должите да уживате! Токму кон вас самите!

GOLD
To Top