Новости

Женски муабети

Тајната на успехот е како да се опоравите од неуспехот! – Животните правила на Оливија Џулс

Бујната фантазија на авторката Хелен Филдинг го натера женскиот свет да се вљуби во нејзиниот стил и да верува во одредени интересни правила. Станува збор за животните правила на Оливија Џулс од истоимената книга. Прочитајте и имајте ги како џебен прирачник во извеснсна ,,гужва” затоа што навистина би можеле да бидат корисни.

1. Не паничете. Застанете, дишете, размислете.

2. Никој не мисли на тебе. Секој мисли само на себе, исто како тебе.

3. Никогаш не ја менувајте фризурата или бојата на косата пред некој важен настан.

4. Ништо не е толку лошо или толку добро како што изгледа.

5. Прави го она што би сакал другите да ти го прават, односно не убивај.

6. Подобро да купите едно скапо нешто што навистина ви се допаѓа, отколку неколку евтини што ви се допаѓаат само половина.

7. Малку е навистина важно: ако се нервирате, запрашајте се: „Дали ова навистина е важно?

8. Тајната на успехот е како да се опоравите од неуспехот.

9. Бидете искрени и љубезни.

10. Купете го само она парче облека во кое би танцувале.

11. Верувајте им на вашите инстинкти, а не на вашата бурна имагинација.

12. Кога мислите дека се наоѓате во неволја, проверете дали тоа навистина е невоља, така што би се запрашале дали на проблемот во очи би можеле да му речете „Заеби“ или дали би можеле да го погледнете проблемот од посветла страна, па ако тоа не функционира, да го погледнете од смешна страна.

Ако ништо од горенаведеното не функционира, можеби навистина сте неволја, па затоа проверете ги советите под редните броеви 1 и 5.

13. Не очекувајте светот да биде безбеден, а животот праведен.

14. Понекогаш треба да ги оставите работите да заминат

15. Не жалете за ништо. Запомнете дека ништо друго не можеше да се случи, имајќи предвид какви сте биле тогаш и каква беше состојбата. Единственото нешто што можете да го промените е сегашноста, затоа – учете од минатото.

16. Ако почнете да се каете за нешто и мислите: „Требаше“ секогаш додавајте „но можеби тогаш, ако го направев тоа, ќе ме прегазеше камион или торпедо ќе ме разнесе во воздух“.

Евротип
SNBROKER
To Top