Новости

Женски муабети

Терминот ,,Не можам” не смее да постои во вашиот речник!

Многу пати сме се нашле во тешки ситуации, но многу пати од старт сме ,,потфрлиле” и категорично сме рекле ,,Не можам!”

Сте помислиле ли дека ова е апсолутно погрешниот избор. Визуелизацијата е многу моќна, а вие со ваквиот термин уште од почеток се визуелизирате како неуспешна. Градете ја самодовербата од малите нешта и заборавете го стравот. Нема не можам, не сакам, не е возможно! Колку и да ви изгледа така! Како за промена, започнете го овој ден со позитивна афирмација, насмевка и пробајте да го направите она нешто кое одамна го избегнувате, криејќи се зад оваа негација.

Бидете смели, бидете храбри, верувајте во оној дел во себе кој може да крши и планини оред вас само за да живее со полни гради. Верувајте во тој човек, а ако не го познавате, одново креирајте го и потпрете се на него. Штом вам ви е убаво она што сте го создале, сигурно ќе го сакаат и другите! Најважното на овој свет е токму вам да ви се допадне вашето ,,Јас”, а потоа гледајте како на тоа светот со аплауз и поддршка ќе ви возврати.

GOLD
To Top