Новости

Женски муабети

Тешко е да си жена!

Да бидеш жена е најтешката професија! Зашто да бидеш жена значи да си мултитаскинг во секој поглед, па и најмалата ситница, се смета за голема грешка.
Да си биде жена значи да бидеш убава, да сјаеш, тренди и модерна. Да бидеш забавна, а сепак да си дама и одмерена. Да бидеш жена значи да знаеш многу добро да готвиш, да чистиш, да ги знаеш сите средства на памет, да знаеш да го направиш списокот за куповки однапред, а понекогаш и да ги купиш работите оти нели Тој е уморен. Да бидеш жена значи да бидеш успешна, да работиш и да имаш убава кариера, а притоа да раѓаш, да ги гледаш твоите и неговите деца, оти нели само со тебе тие се смируваат. Мајка си е мајка. Па и ова ќе помине! Можеш да издржиш пороѓај, па не саати без сон! Жена си! Храбра си!

Да бидеш сопруга и мајка значи во секој момент да си подготвена за секакви услови. Да имаш план за пикник и плажа. Да знаеш што треба да има во куферот за твоето дете за еден ден на плажа и да бидеш подготвена за одговор на секогаш истото прашање:,,Добро зошто земаш толку алишта?! Сигурно нема да се преселиме!” Да бидеш жена значи да си смирена и да не хистеричиш ако куќата е е во хаос оти во спротивно, се знае. ,,Сигурно е во ПМС”! Да бидеш жена значи да имаш пријателки со кои секогаш ќе наоѓаш време да излезеш, да се видиш или во најмала рака по телефон да изиграваш најдобар психијатар. Да бидеш жена значи дека секогаш си тука за сите. За сопругот, децата, пријателите, твоите и неговите родители. А потоа за снаите, внуците, роднините. Да бидеш жена значи дека колку и да си уморна треба да прекинеш да бидеш домаќинка во кревет и да изгледаш неодоливо и покрај купот обврски шо ти вртат низ глава. Да бидеш жена значи да молчиш и да не се мешаш многу во машки муабети оти подобро знаеш да се вплеткаш во муабет за шопинг, доење, цуцли, пелени, средства и готвење. Ете тоа значи да бидеш жена на Балканот за жал сеуште. Се прашувате ли дали и надвор од овие конзервативни граници е така? Или можеби е до нас и нашата поставеност?!

GOLD
To Top