Новости

Женски муабети

Ти вели: ,,Извини не сум за врска! ” Се вртиш и ја бара за жена! WHAT?!

Милион ,,фраери со претензии за ,,лабави пријателства” и познатото:,,Знаеш јас не сум подготвен за врска!”

Имало и ќе има!

Али дури сипаш чашка ракија ко господин (во женски род ,,ко госпоѓа некако не одговара, нели на Балкан живееме), си размислуваш и за уште попознатиот брендиран момент кога истиот тој ,,лабав” тип ти го завртил грбот и фала Богу клечи на колена конечно тврдејќи дека ја нашол вистинската.

Шмркаш голема доза ракија, се кочиш во цел тој ,,фрапизам” (си измислив збор зошто да не… Тоа ти иди нешто помеѓу фрапатно, воодушевувачко и вознемирувачки и зачудувачки измачувачко чувство… Фрапизам. Еј шо убав збор! Вие како сакате!)

…И до каде бев. Аха. Како најголем циник блееш во тапетиве од ѕидот зад шанкот и се ,,ѕвериш” во умот на сите жени на овој свет. Зошто константно истата грешка? Зошто констанца во истата јама?
Со генерации вештеркиве ,,ширеле здолништа”, душата си ја гужвале и со гулаб во такво истуткано писмо му ја нуделе на ѓаволот. (Фала Богу гулабот во новово време се социјалниве мрежи, ѓаволот е истиот тој ,,лабав” фраер што изненадно прави венчавка иако до пред два дена тврдел оти не сака брак, а вештерките?! Секако сме ние! Секогаш жените, секогаш претенциозни и ужасни!)


Но, што е толку ужасно кај нас вештерките?! ,,Karma is a bitch” ваљда, па изгледа дека затоа што сме толку лоши, сето тоа ни се враќа. На крај, повеќе од пола женски пол завршува во исти конзервативни догми закопани во купови алишта, еден тон гнасни садови, пелени, мрсна коса и тежок феминизам. Што е љубов? И вреди ли крајот за толку лесно да се откажеме од душава и да му ја продадеме на ѓаволот!


Уште една чашка ракија и слушам исклиширан разговор малку потаму на шанкот. Хах на муабетот, ми паѓа ко џекпот она што го слушам: ,,Тебе те сакам, но знаеш…Таа ми е девојка! Не планирав врска, но ете…така се случи!” До кога девојко ќе стоиш и ќе го слушаш! Ја погледнувам со еден поглед кој вели:,,Бегај од сељаков!” А таа ми вришти со клишето на очи што лаат, а никогаш не се осмелуваат да каснат и мислат: ,,Ти многу знаеш! Гледај си ја ракијата! Имам се под контрола!”

 

Заминувам на друга страна, а од овде полесно се дише… Како господин?! А ситуацијата на шанков!? Па нели ние сме вештици! Се е под контрола! Фрапизам човече! Ај на здравје!

Евротип
SNBROKER
To Top