Новости

Женски муабети

Знаат ли ,,другите” да ги решат вашите проблеми?

„Никогаш не им ги кажувај на луѓето своите проблеми. На 20 % од нив, воопшто не им е гајле, а на останатите им е мило што ги имаш!“ – Лу Холц

Вреди ли да ги споделуваме нашите проблеми? Може ли навистина светот да застане поради нашата болка и да сочувствува со нас? Замислете се и запрашајте се, што всушност е она поради кое не сакате да си одговорите на вашите прашања за да ги решите вашите рани? Веројатно е прашање на самодоверба.

Паметните луѓе, сами ги решаваат проблемите и не им треба никој да им го каже нивното мислење. Сурово, но реално. Изгледа егоистички, но голем дел е вистина. Можеби ќе ви изгледа дека сочувствуваат со вас и можеби за миг ќе биде навистина така, но верувајте подоцна забораваат. И на крајот на краиштата не се виновни. Тоа се ваши и само ваши проблеми. Тоа е ваш живот, ваша болка, ваше секојдневие кое вие сами го контролирате, создавате. Вие сте единствените виновници поради кои што во огледало стои една возрасна зрела личност или можеби плашлива личност која се откажува на препреките.

Еднаш, верувајте и уверете се дека вие го можете тоа. Дека ова е ваш свет. Оставете ги другите на страна, па проверете ги вашите можности, ресурси и со кои алатки можете да делувате за да решите еден проблем. На крај краишта, гледајте истиот да не постои, затоа што токму вие сте неговиот креатор. Бидете креатор на убавото и доброто, а не на она нешто кое „туку – така“, ќе го дадете некому и ќе стане туѓо. Можеби се проблеми, но ваши си се!

GOLD
To Top