Новости

Женски муабети

Треба ли да размислуваме на ,,долги стази”? – Од сега за по десет години?

Во разговор со една пријателка пред неколку години, си го поставивме прашањето дали треба да размислуваме на подолги стази во животот и да ја планираме не толку блиската иднина.

Таа ми раскажа дека ЌЕ се омажи, ЌЕ остани бремена, ЌЕ живее во куќа на еден спрат со големо дворче малку понастрана од градот. Во деновите дури пријателката го споделуваше својот план, немаше никакви играчи за комплетирање на нејзиното сценарио. Нити на повидок беше некоја врска, нити момче, симпатија, никој од кого би започнал цел овој нацрт план. Но,нејзиното ,,Ќе” беше категорично јасно. ,,Ова ЌЕ го остварам за брзо” ми рече таа,,Ќе се омажам наредната година, а по две години од сега, ЌЕ ми играш на свадба.

По три години од сега ЌЕ го нишкаш моето бебе и двете ЌЕ се разладуваме во нашиот двор уживајќи во смути од јагоди кои ќе растат во мојата градина”.
Во нејзиниот глас се чувствуваше цврст став, верба и претензија. Таа не се плашеше и нити ги мислеше препреките на патот. Визијата и беше целта, а патот веројатно не ни го виде. Но, замислете сето тоа се случи. И додека јас бев уплашена од последователното остварување на секој нејзин сон или т.н. ,,планирање на долги стази”, таа го живееше нејзиното сценарио.

Во денешното фуриозно општествување брзо донесуваме одлуки за кои понекогаш и чувствуваме вина затоа што се погрешни. Несомнено треба добро да размислиме за иднината, но колку долго треба да биде тоа добро и до каде треба да ја планираме таа наша иднина?!
Постојат луѓе кои воопшто не се плашат да ги предвидат работите и нивните очекувања ги зголемуваат со што се стремат кон точна и прецизна работа во контекст на исполнување на нивните планови. Но, треба ли да размислуваме на толку долги стази или да бидеме играч од денес за денес, затоа што реално утре не знаеме што ќе биди или во најлошо сценарио може и да не не биди воопшто.

Стравот од планирање на судбината за однапред десет години на пример, ги надвладува повеќето и тие се удомуваат во нивната комфорна зона радувајќи се на ситниците. Услов ли е стравот? Треба ли да го пребродиме најпрвин него и смело да чекориме кон подалечната иднина? И всушност каде се крие поголемиот успех? Во размислувањето и планирањето на утре или на наредните дестина години?! Се коцкаме ли ако одиме многу напред или сме слободни, храбри и пуштаме позитивна вибрација која понатаму ќе ни помогне да ја оствариме целта, враќајки се како карма во најдобро светло, или враќајки се како позитивна реакција на нашата акција.

Според мене, втората алтернатива е вистинскиот избор. Да не се плашиме да размислуваме на долги стази. На крај краишта, можеме само да добиеме. А до целта, ако нешто не сопне, епа тогаш ќе му ја мислиме. Зошто да стравуваме од сега за нешто ,,што би било ако би било”?!
П.С. Штотуку се вратив од дворот на пријателката која планираше да испиеме смути од јагоди во нејзиниот двор…,,Ќе уживаме, рече. ,,И ќе пиеме смути од јагодите кои ќе растат во мојата градина”.

Можеби е време да го испланирате и вашето ,,смути” од сега за по неколку години. Но, без преголеми очекувања. Сепак не е филм.

GOLD
To Top