Новости

Женски муабети

Треба ли слепо да им веруваме на советите од нашите пријатели?

И навистина, понекогаш сме во потрага по совет кој никако не можеме да си го дадеме самите на себе. Потребно ни е да излеземе од нашиот проблем, нашето тело и нашите мислења, па од страна да ја разгледаме ситуација. Но, да. Навистина тоа е тешко и понекогаш ни се чини невозможно.

Во тој контекст, сите трагаме по совети од најблиските пријатели. Но, колку треба од нив да ги слушаме?

Веројатно, треба само да ги разгледаме, но на крај одлуката сами да ја донесеме. Психолозите тврдат, дека нашиот мозок е оној кој треба да расудува, но доколку постојано барате туѓи мислења, едноставно тоа нема да биде вашиот живот. Престанете да бидете нечие огледало и конечно делувајте сами. Донесете ги токму вие одлуките, без да мора да се потпирате на некого.

Вие сте уникумот и понекогаш мора да се поставите во центарот и да го завртите светот околу вас, но само нека се движи и осцилира. Без допир до вашите емоции и душевна состојба, затоа што кога еднаш ќе настане целиот тој хаос во главата, не би доенеле вистинска одлука и апро по, не би рекле дека ќе ја најдете вистинската солуција на вашиот проблем.

Сами. Размислувајте сами!

GOLD
To Top