Новости

Женски муабети

Три знаци кои покажуваат дека вашиот партнер не ве сака!

Веќе подолго време се сомневате во него и воопшто во вапата врска. Кои се знаците кои покажуваат дека тој и не е баш вљубен во вас?!

Секогаш зборува во свое име, а не во ,,Ваше заедничко”

Во секој разговор со пријателите, тој се претставува како да е сингл, па терминот ,,Ние” едноставно не постои во неговиот речник и го заменува со ,,Јас”. Ова би значело дека вашиот партнер, не е баш подготвен за врска, не е подготвен да го дели животот со некој како вас или воопшто со било кој.

Никогаш не ве прашува како сте го поминале вашиот ден

Ова прашање звучи неважно и како да воопшто да не му се обрнува големо значење. Но, всушност неговата незаинтересираност за се она што правите вие, за него кажува дека тој не е доволно вљубен во вас, затоа што кога човек е вљубен ќе сака да го знае секој детал од секоја секунда од вашиот ден. Како сте поминале, дали сте денес среќни, дали можеби некој ве навредил, што ви се случувало, каде бевте. Но, ова во никој случај не значи преголема заинтересираност и опседнатост од негова страна. Во спротивно, тоа би значело љубомора.

Никогаш нема време за вашето време

Сите имаме обврски и задолженија кои се дел од нашето секојдневие. Сите имаме рокови и планови кои треба да ги испилниме, но каде сте вие во неговиот распоред? Ако Тој постојано се крие зад фразата:,,Немам време”, епа тогаш…Тогаш за вас е време да се запрашате дали оваа врска треба да продолжи.

GOLD
To Top