Новости

Женски муабети

,,Чистам, перам и готвам! Домаќинка сум, уморна сум, но тоа ме прави среќна!” – Девојкава е од друга планета!

Катрина е жена која ете така не и се допаднал овој начин на живот, па одлучила да го врати времето назад и да го создаде својот живот врз основа на угледот на филмовите од педесеттите години. Како што вели – ужива да се грижи за својот маж.

Пред три години, Катрина Холте (32) одлучила да ја напушти својата работа, да се ослободи од стресот и да стане „домаќинка со полно работно време“. Но, не било какба, туку супер домаќинка од педесеттите години, чиј живот се врти околу убави фустани, чиста куќа и топол оброк што ќе го чека нејзиниот сопруг Ларс (30) кога ќе се врати дома од својата работа како инженерски менаџер.

Во стилот на педесеттите години, таа ја има украсено својата куќа во предградието на Хилсбур, и сама шие ретро фустани.

„Тоа е мојот живот од соништата и мојот сопруг ја споделува мојата визија“, се насмевнува Катрина додека ломплека на Дорис Деј се врти во позадина. „Имам многу работа. Мијам тони садови, перам купови алишта и долен веш, пеглам, но грижата за мојот сопруг ме прави навистина среќна … Кога гледам во се што се случува во светот сега, се чувствувам како да припаѓам на некое подобро, старомодно време. ”

Евротип
Евротип
To Top