Новости

Женски муабети

Што да направите ако вашиот партнер изгуби интерес за вас?

Постои ли бесконечна љуов и дали тоа „засекогаш“ навистина трае токму засекогаш? Понекогаш сме во двоумици околу сето тоа и можеби од повеќе се прашуваме и сами си кроиме проблеми кои можеби и не псотојат освен во нашата глава, но што ако навистина е така и што ако навистина чувствувате дека вашиот партнер повеќе не е фасциниран од вас како порано? Ако се сомневате дека вашата врска е при крај и не знаете што да направите во врска со тоа, ви препорачуваме да ги следите нашите три совети.

Дајте му повеќе простор

Ако се чини дека вашиот партнер губи интерес за вас, можеби едноставно ќе му треба повеќе простор за себе. Барајќи постојано внимание и инсистирајќи да поминете што повеќе моменти заедно, ќе постигнете спротивен ефект од посакуваниот.

Кога ќе го оставите на мира некое време и ќе му дадете шанса да се опушти без вас, но и да размислите за вашата врска, големи се шансите да разбере колку навистина му значите.

Фокусирајте се на себе

Колку и да се трудите, не можете да ги промените мислите и чувствата на друга личност. Можеби немате влијание на желбите на партнерот или барем не толку колку што би сакале, но секако дека можете да влијаете на вашиот живот. Наша препорака е да посветите повеќе внимание на себе, своите цели, желби и потреби.

Од една страна, тоа ќе ве направи попосакувани во очите на партнерот, бидејќи тој нема да има чувство дека мора постојано да си поигрува со вас за да биде задоволен, што за некои момци е исцрпувачки. Од друга страна, во случај на раскинување, полесно ќе го преболите доколку целиот живот не е испреплетен со животот на претходниот партнер.

Не ја затворајте вратата на вашата љубов

Во случај односите меѓу партнерот и вас да бидат привремено ладни, што може да вклучува и прекин на заедничкиот живот, не реагирајте веднаш бурно, туку оставете простор за можен нов почеток. Секако, направете го ова само ако доволно се грижите за партнерот и не го го веднаш дека во одреден момент изгубил интерес за вас. Сепак можеби тоа навистина е само момент.

Обидете се веднаш да ги расчистите сите сомнежи меѓу вас пред повторно да ја обновите врската, но не дозволувајте вашето его да биде пречка на патот кон вашата заедничка среќа.

Евротип
SNBROKER
To Top