Што кога немате ваш простор во неговиот плакар

Ех, да надежта е онаа која последна умира. Вербата е онаа која знае да не натера да продолжиме понатаму, но дали и неа местото му е токму тука? Во таа ваша приказна за една врска која постојано ви создава болка.
А болка ли е љубовта?
Не! Вистинската страна на љубовта е токму онаа која НЕ дразни, НЕ боли, НЕ убива. Во љубовта не постои она: Тоа што не убива не прави посреќни. Во љубовта не треба да има убиства, лаги, сомнежи. Тој камен не треба да се турка или пак, зошто воопшто да е камен?
Во врска сте, а чувствувате дека само вие сте оние кои се трудат, оние кои постојано чекаат или се надеваат. Оние кои сонуваат, мечтаат за оној миг кога Него ќе „му текне“. А ќе се сети ли?
Потврдено е дека треба да сонуваме, но во онаа приказна која е доволна удобна и уверлива дека ќе има свој среќен крај. Што барате во трагедија?! Променете ја перспективата и ако гледате дека сте во тој жанр, избегајте од таму! Очигледно за во неговиот „плакар“ нема простор за вашите алишта, за вашата душа… Нема простро за она што навистина сте вие!
Не го бркајте она што постојано заминува. Зошто воопшто да трчате по нешто кое сакате да го зграпчите. Оној што ве сака, секогаш ќе знае да остави простор за вас. Да најде време и да ја направи вашата приказна вистинска, ќе направи да сонувате со отворени очи. Верувајте, љубовта е пријатна, знае да ве погали по вашата коса и да мириса на среќен крај.
