Новости

Женски муабети

Што треба да зборувате, а што треба да премолчите во друштво?!

Во денешно време искреноста не е на цена. Затоа повеќе купувајте, помалку продавајте.

И во други текстови имам потенцирано за клучот од срцето кој во друштво се крие во џебот.

Не споменувајте имиња.

Не зборувајте многу отворено за вашето минато. Може сами да се фатите во замка.

Зборувајте за светлата иднина која знаете дека ве очекува и раскажете за општите позитивни карактеристики кои во целост ве опишуваат. Како амбициозноста на пример.

Ако е молк, оставете така. Не мора да ви е непријатно во таа тишина. Оставете ги нив да зборуваат или ако веќе мора некој да започне, се разбира секогаш е тука темата за времето.

Не ги отварајте картите зборувајќи веднаш за вашите стравови. Зборувајте за вашите успеси и не филовајте премногу.

Уживајте и смејте се во друштво каде не мора да се открие се, за тоа да ви стане најубавата дружба.

GOLD
To Top