Новости

Женски муабети

Ќе ја препознаете на километар. Осум знаци на жените кои се во несреќни бракови

Таа не комуницира
Жените се познати по зборување, за кое мажите често се шегуваат и велат дека е ,,дрдорење”. Но, ако жената замолчи, тогаш нешто не е баш сјајно.
Не се заинтересирани за интимни односи
Жена што се почесто го одбива партнерот во кревет е всушност тажна и разочаранаш која се чувствува заробена со секој допир од партнерот.


Многу брзо се лути
Ака Таа се лути за секоја ситница, веќе полека се откажува од бракот.
Постојано е уморна
Едно испитување докажало дека жените во ваквиот несреќен брак, имаат поголемо ниво на кортизол што по себе носи низа симптоми. Еден од тие симптоми е уморот.


Таа станува таинствена
Штом жената не сака да споделува ништо со партнерот, работите дефинитивно не одат во добар правец.
Нема поверење
Ако сопругата е постојано скептична и брза да ги провери пораките на мобилниот телефон или емаилот на својот сопруг, таа не верува повеќе во ,,семејната идила”.
Не обрнува внимание
Незаинтересираноста за се она што зборува и мисли Тој е уште еден знак за оваа тажна вистина.


Таа станува себична
Штом чашата се скрши, жената почнува да размислува само за себе, го организира слободното време писветувајќи си внимание сама и никаде не е вклучен Тој.

Тажните жени се познаваат и можеби овој текст треба да биде посветен на мажите кои ако ги пронајдат истите карактеристики кај нивните сопруги, брзо нека интервенираат зашто може да биде доцна.

Сепак, совет до овие жени. Спасете го бракот и разговарајте за се што ви смета во него!

GOLD
To Top