Новости

Женски муабети

10 позитивни работи кои ќе ни го олеснати разубават секојдневието

Во ова брзо време, преполно со жалби и поплаки, доста негативни ставови и мисли, еден куп обврски или едноставно во оваа трка со времето, неизбежна треска, треба да си направиме еден список и да си ветиме дека ќе направиме неколку позитивни работи кои ќе ни го разубават секојдневието, а истовремено и ќе ни го олеснат. Погледнете кои се тие 10 работи кои ги препорачуваме.

1. Одмалете ги непотребните обврски.

2. Расчистете го домот и мебелот. Што помалку толку поубаво.

3. Намалете го купот од непотребни алишта кои само ви одземаат простор. Донирајте ги.

4. Апстрахирајте ги негативните луѓе кои ве полнат со лоша енергија и намалете ги средбите со нив. Наместо тоа, бидете во друштво со позитивни и насмеани луѓе.

5. Одете во театар или било какво друго културно или уметничко збиднување. Уметноста храни еден друг дел од умот кој со купот обврски го празните.

6. Слушнете се со блиските и почесто разговарајте со нив.

7. Делете комплименти. И на сите камења возраќајте со локуми!

8. Бидете секогаш дотерани, убави и чисти. Дури и дома кога сте сами. Но, престанете да му бидете роб на домот.

9. Природата донесете ја дома и почесто купувајте буќети свежо цвеќе со интензивни миризби кои и тоа како знаат да релаксираат.

10. Сакајте се! Сакајте се! Сакајте се себе си! И покрај милионите грешки, секогаш најдете си повод и причина за да си простите. Тоа сте вие. Сакајте се и споменете се први штом во црква палете свеќа на пример. Затоа што вие сте столбот на универзумот, а штом вие можете, ќе можат и другите! …Сепак ова не значи да сме суетни! Се си има црвено светло нели!

GOLD
To Top