Новости

Женски муабети

20 Животни правила кои треба да ги знае секого!

1.Првото правило гласи: Нема животни правила, само совети. А ваше е дали ќе прифатите!
2. Однесувајте се со луѓето токму онака како што вие сакате тие да се однесуваат со вас, но ако не сакаат така, тогаш играјте како што тие тоа го прават.
3. Коцките се фрлени уште одамна, само ретко паѓаат шески! Ако ви паѓаат често, не се навикнувајте, ако не ви паѓаат не ги барајте! Бидете трпеливи.
4. Мислете убаво пред спиење, утрото не дека ќе мислите исто, но ако е лошо, барем ќе знаете дека вчера ви било убаво.
5. Останете во сегашноста, никогаш не копајте по минатото. Вчера помина, а и денес, утре ќе помине.
6. Ако упорно ви се затвора вратата која најповеќе ја посакувате и умеете, одете на сосем друга. Никогаш нема да дознате кое ваше ,,јас” ќе го сретните, ако не влезете во таа другата.
7. Не мудрувајте за другите и не судете. Чостои карм и секогаш ќе се каете!
8. Бидете самокритични, но не претерувајте. Човек не може да сака, ако прво не се сака самиот себе си.
9. Ве интересира што мислат другите за вас, а што мислите вие за нив?
10. Блокадата на умот се случува само во огромна паника. Бројте се што ќе видите пред вас!
11. Никој никогаш нема да ве разбери освен оние што ве изгледале. За нив сте принцови и принцези, а за останатите надвор од дома сте големо ништо на кое мора да му се љубомори!
12. Кафето се пие само со најдобар пријател и тогаш е култ, а со другите, е само кафе.
13. Од време на време прелистајте го сценариото на вашиот внатрешен монолог и проверете каде сте згрешиле. Не е поентата дека нема да ги повторите грешките, ами што ќе научите за да ги ублажите.
14. Љубовта помеѓу сопружниците, не е вечна. Дури и Волд Дизни немал баш идеја за да раскажи што се случувало после свадбата на Пепелашка и принцот.
15. Ако ви подарат, не чувствувајте притисок за реванш, туку бидете благодарни и подарете му на некој што нема.
16. Заблагодарете се за вашето постоење, не само да се молите и да барате! Медитирајте и дајте си барем пет минути во денот да го ислушате чукањето на вашето срце и да му заблагодарите што работи за вас!
17. Оставете ја одмаздата. Некој друг ќе се одмазди за вас, а тие ќе се присетат. Таков е светот кој не запира секогаш поради вашата болка.
18. Јадете здраво, бидете здрави, бидете наспани!
19. Сонувајте многу, очекувајте малку!
20. И да, светот се врти околу вас. Вие сте во сценариото на Стивен Спилберг. Но, не глумете премногу, ова е ,,филм”, не е театар!

GOLD
To Top