Новости

Женски муабети

21 век, а жените сé уште се потчинети

… И си раскажуваме со пријателки приказни важни, неважни… Шмркаме голтка од кафето, да да пушиме цигари, а понекогаш знаеме да носиме и мини здолниште. Туф недомаќинки! Им даваме мобилни телефони на децата и цртани да гледаат од време на време, па така понекогаш знаеме да се потприме на модерните дигитални дадилки. Уф… НЕмајки.

21 ви Век и ние сеуште сме ограничени со време, затворени во место… Сеуште се бориме за некакви какви – такви права. Нецелосен пристап кон феминизмот со должна почит кон оние што стремат кон истиот, но од далеку ненаклонет шовинизам, цинизам и божем блага шега кон понежниот пол иако ти го навредуваат и понекогаш обезглавуваат целосниот интегритет, битие и општо постоење на нешто што се вика жена, има гради, обично долга коса, тесен струк, облини, високи нозе и да… Нешто што секогаш е,,плавуша”.

Замислете зад цел тој пакет што го барате во вашите типични фантазии, стои срце. Вљубена девојка, личност со минато, амбицозна, храбра, мала, голема, слаба, дебела, онаа што копнее за сила, онаа што се плаши, онаа што е гневна и сака, онаа пријателка, тетка, баба, мајка, истрошена домаќинка и убавица што секогаш е подготвена за во она место каде љубовта одново се раѓа, секако со нови производи’ за да се провери дали ,,машината” е исправна!

21 век и сеуште жените се наоѓаат во оние вицеви и шеги во кои мажите се тие кои велат дека бракот е мрак. Во кои мажите се тие кои кукаат и ескивираат, се каат за вечното ветување :,,И во добро и зло”, се каат за неа, за другата, си препишуваат гордост само затоа што се МАЖИ, можат да „кренат“ од повеќе килограми, тегови и имаат физичка сила што,, Уау” ние ја гледаме како супермоќ!

21 век и меѓу жените сеуште најповеќе се дискутираат теми кои задолжително се препишуваат за понежниот пол. Муабети околу готвење, перење, каква ли машина за садови да се купи, колку би била цената на една позгодна правосмукалка, какво млеко да му дадам на детето, доењето, кашичките, градинките… И да, соседките кои секогаш се полоши од вас.

21 ви век и сеуште тие спијат кога сакаат, до кога сакаат, излегуваат, се женат ако сакаат, се разведуваат оти мораат, патат на нивни начин и 21ви век, а ние сеуште сме само… жени. Но, имаме ние и повеќе од тоа ,,само”!

Евротип
SNBROKER
To Top