Новости

Женски муабети

3 типови на жени кои ги привлекуваат „лошите момчиња“

Постојат т.н. лоши типови на момчиња. Тие сакаат да манипулираат и имаат големо его кое за жал многу девојки едвај го заприметуваат. Кои се тие типови на девојки кои можат многу лесно да бидат изманипулирани од ваквите токсични момци?

Девојките со ниска самодоверба

Високата самодоверба кај една девојка е нешто на кое овие момци не ни помислуваат да му се доближат. Жената со висока самодоверба, ги плаши овие типови бидејќи така, тие нема да можат да владеат во врската баш онака како што сакаат.

Спротивно на тоа, тие бараат девојки со ниска самодоверба, па така лесно можат да ги контролираат девојките.

Емотивните девојки

Емотивните девојки се одличен „плен“ за манипулаторите. Тие се искрени, ги доверуваат сите свои проблеми и недостатоци, па буквално стануваат отоврена книга, на која лесно може да се пишува токму онаква приказна како што тие токсични манипулатори си имаат замислено, без притоа да се загрижат дека емотивните девојки ќе се посомневаат околу тоа.

Pinterest

Разочарани од љубовта

Скршеното срце на една девојка е одличен таргет за „лошите“ момци. Ним им треба рамо за плачење и едноставно враќање на довербата кон мажите. Со многу малку манипулација, тие ќе ги освојат овие девојки, а потоа ќе прават што сакаат.

Немојте да бидете вакви деовојка. Бидете паметна и размислете за себе си, пред да размислувате за партнерот пред вас. Ако сте дел од овие категории, подобро е да оставите се за подобри времиња кога ќе ги излечете раните, ќе ја издигнете вашата самодоверба и ќе бидете разумна при изборот. Никако не дозволувајте да бидете изманипулирана. И да, сето тоа започнува како бајка, но што понатаму?

GOLD
To Top