Новости

Женски муабети

4 работи кои жените ги бараат кај мажите, но ретко кој ги има!

1.Директност

Жените претпочитаат директни мажи, оние со кои секогаш знаат на што се.
Кога мажите немаат скриени намери, дамите можат да се релаксираат и да бидат тоа што се. Односот со таков партнер не предизвикува стрес и вознемиреност, бидејќи Тој секогаш ќе и дозволи на другата половина да знае што мисли и чувствува, што сака и што не.
Ако мажот е директен во комуникацијата, жената ќе се почувствува удобна во негово друштво.

2. Висока самодоверба

Самодовербата, е еден од главните квалитети што дамите ги ценат кај спротивниот пол. Таквиот човек е подготвен да преземе иницијатива, тој е отворен и може да му се верува. За да може некој силно да ги покаже своите чувства, потребно е да има силен карактер и изразена емоционална интелигенција, што ги издвојува овие типови на мажи од толпата.

3. Искреност

Се разбира искреноста е само додаток на самодовербата и директниот однос. Штом еден маж е директен, тоа би значело и дека е искрен. А жените веќе се борат со таа ,,река” од лаги, конфузии и прашања.

4. Присутност

Ако нешто најмногу мразат жените, е тоа кога Тој ноншалантно ќе ,,испари”. Деновиве веројатно тоа е некоја шема што се повторува кај момците, а веројатно сега веќе е и тренд кој жените апсолутно го мразат. За ние подобро е да расчистите, отколку да ве снема!

Евротип
SNBROKER
To Top