Новости

Женски муабети

5 Знаци дека е вљубен во вас, иако го крие тоа

Веројатно во кодот на мажите е да бидат таинствени, да не ги откриваат емоциите. Зошто е тоа така? Изгледа поради стравот кој го чувствуваат да не ве изгубат. Но, еве кои знаци можат да ги издадат.

Тој помни се што ќе кажете

Макар тоа и да е најмала ситница, мажите кои се вљубени, паметат се. Доколку пак станува збор за личност, која е конфузна, неорганизирана и заборавена, а ги помни и најмалите детали за кои вие не се ни сеќавате дека сте ги кажале, Тој сигурно е вљубен во вас.

Секогаш наоѓа време за вас

Кога мажите се вљубуваат, секогаш наоѓаат решение за да одделат време за вас. Макар и да имаат куп неизбежни обрски, Тој секогаш ќе наиде време за да ве види.

Љубомората е евидентна

Него дефинитивно му сметаат вашите додворувачи. Но, кога е во прашање љубомората, мажите одат во екстремности. Или глумат тотално рамнодушни или пак нападно ве оттргнуваат од оној кој сака да ве освои. Внимавајте на овие знаци.

После неколку чашки алкохол, Тој секогаш ве бара

Мажите кријат, но кога пијат, таа таинственост ја забораваат. Се опуштаат и добиваат храброст. Можно е дури и да ви ги признаат нивните чувсвта во таквата состојба, а веднаш потоа, во „трезните“ денови, тие се однесува како ништо никогаш да не рекле.

Тој ќе направи се за вас

Кога мажите кријат дека ве сакаат, тие ќе направат се за вас, само за да бидете среќна девојка. Секој ваш проблем го сфаќаат лично и тие се први на списокот на кои можете да им се обратите. Ќе измислат чудо, само за да ви помогнат.

Сепак, сите овие знаци, не треба да ги злоупотребите. Ако искрено го сакате како пријател и ништо повеќе, а сте ги заприметиле овие знаци, подобро е да се оддалечите од него, отколку злобно да ја користите неговата наклонетост кон вас.

GOLD
To Top