Новости

Женски муабети

5 Митови за љубовта во кои сеуште веруваат само романтичарите

По пририда бев романтичен тип, се додека не ми станаа јасни работиве со љубовта. Комерцијала. Најпрво ја нудела во книгите, затоа што само таму им се можело, но сега тоа е огромна реклама, на која сме се сопнале најповеќе во два наврати: во цртаните на Дизни и бајките и романтичните лигави американски комедии кои се плагијат една над друга.

Во продолжение, не велиме дека љубовта не постои, но убаво би било да ги предупредиме оние кои очекуваат премногу. Време е да излезите од вашиот нереален свет и да ги намалите очекувањата. Ова не е Дизни и не е филм. Ова е реалност.

1. Постои љубов на прв поглед! – невиден мит. Да, може да ти се допадне физичкиот изглед на некој,облеката, аутфитот, но што се случува со остатокот? Муабетот, речникот, манирите и што уште не!

2.Само една е вистинската љубов! – Да и така цел живот ќе останите сами чекајќи ја таа една единствена вистинска љубов. Вие барате човек, не карактер од нечие сценаријо. И исти емоции ќе ви се појават не само еднаш, затоа што луѓето сме слични горе – долу.

3.Тој мора да го сака истото што и вие и мора да имате исти афинитети.

Глупост на која му симнувам капа за досетката. Ова е најпопуларното клише во филмовите. На пример во една романтична комедија таа пишува книги и ако тој ветениот вереник (кој типкава не го сака, а со тоа и публиката одбива да го гласа), нема прочитано ништо од тоа и наместо книги, посветен е на музика на пример, тој не е за неа. Реалноста е сосема поинаква. Барајте поддршка за вашата работа и афинитети, но не мора да биде ова пресудно. Тој не може да ги има истите желби кои ги имате и вие! И патем, во тие филмови ,,убавите принцеви”, секогаш во целост ги разбираат девојките. Тоа нема да се случи во реалноста! Нема! Никогаш! Зошто?! Затоа што пред се сме жени, па и да нема проблем, ќе измислиме.

4. Мора да имате заедничка песна! – Не! Не мора! Дозволено е тој да сака хеви метал,а вие да обожавате џез!

5. Не е важен изгледот! – Секогаш е пресуден. Во најмала рака шармот. Или тоа или тоа. Имајте на ум дека ќе ја делите истата спална.

СН Брокер
To Top