Новости

Женски муабети

5 Нешта кои мажите ги сакаат, а жените ги забораваат!

Клучот за успешната љубовната врска секако дека лежи во довербата и почитта на партнерите еден кон друг. И секако она што секогаш го забораваме:,,Разбирање на другата страна!” Тој и таа секогаш се различни, а ова се работите кои жените ги забораваат за мажите.

1.Мажите не баш сакаат да бидат први иницијатори за што и да е!

Тие не сакаат одговорности, а токму иницијативата за што и каде да правите, за нив е обврска.

2.Не сакаат да ги споредувате со други или да ги менувате!

Еднаш разберете дека не можете да го промените партнерот! Не споредувајте се со другите парови и не споредувајте го него со други мажи.

3.Не сакаат шпионирање и недоверба од ваша страна!

Не се сите мажи злобни и не мора да значи дека ве изневеруваат! Затоа, тие ја мразат константната скептичност кон се она што тие ви кажуваат и паранојата од ваша страна кон се она што тие прават!

4.Ја сакаат својата приватност и нив секогаш ќе им биде потребен простор!

Никако не смеете да заборавите дека понекогаш и ним им треба мала издишка, не само од вас, ами од светот. Почитувајте ја неговата приватност и оставете го да ужива на свој начин. Со пријатели, сам, со обврски и слично. Секој во својот свет знае како.

5.Не одговоараат на неразумни очекувања!

Мажите би направиле се за нивната љубена, но не би одговориле на неразумни ваши цели, посакувања или неразбирливи к неостварливи хирои. Затоа бидете стабилна и жена на која ќе и се восхитуваат. Жена што навистина би била рамо до рамо со мажот.

…И сега претпоставуваме следи прашањето:,,Ами ние жените?! Не прашал ли некој што сакаме, а што не?!”

СН Брокер
To Top