Новости

Женски муабети

5 работи кои се случуваат штом жената влегува во своите четириесетти

Се будите и веќе сте 40. Се прашувате кога ли си отишле тие најубави години? Кога сте стигнале до овде? Но, наместо да очајувате, сфатете дека 40тите се новите 20ти и тие нека ви бидат вашите најубави, затоа што конечно сте стигнале до фаза:„Ех да ги имав твоите години, но да го немав твојот разум!“ Убава сте, но и разумна. Еве што се случува во овие години.

Конечно сте свесни за себе си

Кога влегувате во четириесеттите години, сфаќате што сакате, во што сте добри, кого цените, што сакате да правите во животот, а најдоброто нешто е што не мора да барате дозвола за било која од тие работи. Порано се грижевте за целта на постоењето и се будевте среде ноќ прашувајќи се како ќе се справите со проблемите.

Сега едноставно се соочувате, живеете и не се двоумите. Не се плашите, но сте храбри и бестрашни, бидејќи четириесеттите години се такви. Вашата нова зона на удобност каде сте задоволни со себе во секое издание.

Почнувате да заборавате

Како што влегувате во четириесеттите години, вашиот мозок почнува да ви служи помалку добро. Понекогаш ќе се случи да заборавите зошто влеговте во собата. Може да разговарате на телефон и да се запрашате каде е, барајќи го низ куќата.

…И не е тоа вопшто ништо страшно, освен ако имате деца вошколска возраст, па треба да им помогнете околу нивните домашни задачи. Ним ќе им биде тешко, но и вам. Од вас ќе се бара да ги исполните домашните задачи исто како и порано, но претпоставуваме дека веќе сте мултитаскинг во тој домен и сте поорганизирана. Но, сепак, вие сте во најубавите години, велат истражувањата, па не си ја расипувајте забавата преоптоварувајќи се.

Гледајте што повеќе да одмарате. Овој пат на вашиот ум, му треба повеќе одмор.

Конечно вие сте на прво место

Порано ви требаше поддршка и одобрување на сите ваши идеи. Секоја критиката ве годеше. Што и да мислеа луѓето за вас, вашиот брак, вашата работа, вашиот физички изглед, вашата куќа, вашиот автомобил, вашата влезна врата и други ситници, тоа често ве погодуваше. Но, вашата нова верзија во четириесеттите години едноставно не се грижи. Вие сами одлучувате и се занимавате со вашите одлуки.

Конечно имате приоритет во својот живот, а тоа сте самата вие, па ако некому не му се допаѓа новата јас, тоа не е ваш проблем. Не се откажувајте да уживате во тоа што ви го нудат овие години.

 

Започнуваат брчките

Ок, брчките започнале можеби и порано, но сега некако се понагласени. Ставате фотографија на социјлните мрежи и добивате милион коментари, но овој пат не се само позитивни. Епа добро де, до светлото е.

Моментот кога ќе го сфатите стареењето како позитивно и нормално нешто, вие ќе научите да уживате штом се погледнете во огледало.

Сега знаете што е најважно во животот

Вашите деца, вашето семејство, вашето и нивното здравје. Сега знаете дека тоа е она што е најважно. По четириесет години почнувате да им кажувате на другите да не бидат материјалисти и површни. Ги цените  сите вообичаени моменти и ситници што ги добивате секој ден. Престанувате да губите време и сте свесни за вистинските вредности што ги чувате.

Четириесеттите донесуваат големи промени. Како физички, така и психички. Прифатете ги само позитивните. Смејте се гласно, бидете среќни, ведри, сакајте повеќе. Единствено што треба да жалите е што не сте употребувале малку повеќе крем за лице или заштитен фактор во вашите дваесетти.  Но, тогаш вам во друго ви бил памтот нели? Нема простор за каење, нема време. Има време само за уживање.

GOLD
To Top