Новости

Женски муабети

5 работи кои си ги прераскажуваат девојките, а мажите не се ни свесни!

Девојките, жените се многу поискрени од мажите. Пријателството помеѓу жените веројатно најповеќе се темели на нивното искрено споделување на проблемите, па дури и приватноста. Еве кои работи тие ги прават и лукаво ги кријат од мажите.

1. Девојките го знаат целото ваше минато. До толку многу, што дури и вие не знате!
2. Девојките и тоа како оговараат! Најголемата афера во градот најпрво доаѓа до увото на најдобрата пријателка, а штом мажот ќе се пофали што слушнал, тоа е веќе застарен трач. Иако понекогаш Таа знае да се преправа дека прв пат слуша!
3. Девојките ги знаат сите семејни проблеми на пријателките, вашите роднини, вашите другари и познаници па дури и на соседите. И се разбира, тие секогаш имаат добра солуција за нивно решавање, но штета што не е побарана помош од нив, како ,,вистински” психијатри!


4. Девојките задолжително лажат барем еднаш дневно! Тие знаат што се етички лаги и вешто ги употребуваат!


5. За крај, внимавајте какви пораки им испраќате. Затоа што тоа би било испратено, анализирано, продлабочено, зборувано од страна на цело друштво жени, за на крај со само една мала грешка, вие секогаш да завршите како ,,идиот”.

Тоа од страна на мажите додворувачи на пример, би изгледало вака:
Тој: Те сакам и поздрав до сите!
Таа: Кои се тие сите?!
Тој: Па сите пријателки што ќе ја прочитаат оваа порака!

GOLD
To Top