Новости

Женски муабети

5 Работи на кои мажите се љубоморни, а за жените немаат смисла!

Мажите се љубоморни. Можеби не сите и можеби не многу, меѓутоа верувајте иако не го признаваат тоа, секој од нив ја има оваа емоција. Но, еве кои се работите на кои тие можат да бидат љубоморни, за кои пак ние жените би рекле дека немаат смисла.

Вашите пријатели

Додека некои се љбоморни на времето што го поминувате со пријателите од самиот почеток на врската, кај други таа љубомора може да се појави дури подоцна. Се разбира, има и такви на кои воопшто не им пречи таквото дружење, но некои истражувања покажаа дека партнерите навистина понекогаш се љуоморни на луѓе со кои поминувате многу време.

Колегите од работа

Овој тип на љубомора најчесто се јавува поради фактот што тие не ги знаат луѓето со кои работите, па тие честопати ги доживуваат како невидлива закана.

Вашето хоби

Ако сте целосно посветени на вашето хоби и го поминувате секој слободен момент уживајќи во тоа, вашиот партнер може да покаже знаци на љубомора, бидејќи веројатно ќе се чувствува како овие активности да го крадат „неговото време“.

Времето што го поминувате во теретана

За него, тоа е место каде мускулестиот Аполон шета низ салата и наместо да вежба, тој ве гледа само вас. Ако имате и личен тренер. Личен трењер е само плус зачин во неговата имагинација. Меѓутоа, наместо да се откажете од вежбање, може да го убедите го да ви се придружи во теретана. Барем понекогаш.

Друштвени мрежи

Друштвените мрежи за него претставуваат бојно поле во кое тој и покрај тоа што сака, не може да се натпреварува. Тие се потенцијална закана особено ако трошите многу време на нив. Партнерот може да биде вознемирен од пораки или повици доцна во ноќта, па макар и ако ви се јави колега, за да ве извести дека утре нема да дојде на работа, или најдобрата пријателка да ви каже што и се случило.

Евротип
SNBROKER
To Top