Новости

Женски муабети

8 Правила во бракот кои треба да ги прекршите!

Во последно време постојано среќаваме совети за брак. Читаме статии, слушаме пријатели или едноставно живееме по некои непишани правила, но дали понекогаш тие постојат за да бидат рушени?!

Еве што велат експертите. Овие правила веројатно ги почитувате, но време е да сфатите, дека понекогаш треба да ги прекршите:

1.Секогаш бидете 100 процeнти искрени!

А сте слушнале ли за етички лаги? Понекогаш постои варијантата да го избегнете нужното зло, па убаво е да премолчите! Најпрво ставете се во кожата на партнерот и размислете колку таа ваша вистина може да го повреди. Доколку е возможно и не е неопходно, оправдано е да премолчите!

 

2. Никогаш не одете на одмор еден без друг!

Можеби ќе се зачудите, но понекогаш е здраво да бидете одделени еден од друг. Дадете си од време на време издишка, потсетете се кои сте и уживајте во друштво со пријатели. Слободата не смее да се одземи!

3.Ако често се расправате, сигурно ќе ви претстои развод!

Всушност, истражувањата го тврдат спротивното! Но, сепак мора да најдете ,,продуктивен” начин како да се расправате! Без навреди, без инволвирање на неговото и ваше семејство, без префрлање на вината и обвинувања.

4. Децата се на прво место кога ќе ги добиете!

Многу парови откако ќе добијат деца, ја запоставуваат врската и комплетно се посветуваат само на нив.

Родителството е заеднички процес, а и не заборавајте дека децата ја размножуваат љубовта и во никој случај немаат намера да ве разделат. А сигурно сте немале и вие кога сте планирале семејство!

5. Никогаш не треба да спиете одвоено!

Погрешно! Таа ќе сака да чита книга доцна во ноќта, а тој едвај го чека кошаркарскиот натпревар по полноќ. Нормално е од време на време да спиете одделно, се разбира тоа да не ви стане навика!

6. Мора да имате секс само да го задоволите барањето на партнерот!

Не, не мора да имате секс кога не ви е по волја. Така ќе влезете во безмилосна рутина и ќе заборавите на вас!

7. Треба да имате исти интереси и исто хоби!

Тотално погрешно! Тој не може или не сака да оди на шопинг на пример и не ужива во тоа, исто како што и вие не можете да уживате во фудбал. Откажувањето од она што го сакате, значи дека се одвојувате од своето јас и се бришете како личност! Тогаш во што точно се вљубил вашиот партнер? Најдете слични други заеднички интереси, а старите навики си се стари и се дел од вас и ве прават единствени и свои!

8. Ако нема повеќе жар, вашата врска е осудена на пропаст!

Не! Жарот често се поврзува со страста, а таа знаеме дека е минлива. Лекот за долга и успешна врска се должи на градењето почит, посветеност и доверба!

СН Брокер
To Top