Новости

Женски муабети

6 Работи кои вашиот партнер не смее да ги дознае

Вашата прва љубов
…Или можеби вашата луда авантура или афера што ден денес не си дозволувате и не сакате да ја заборавите.
Бројот на партнери
Партнерот не смее да знае за вашите поранешни врски. Откријте му само нешто, доколку е неминовно, но никако не навлегувајте во таа ваша ,,друга” јас од некогаш. Затоа што како велат:,,Некои луѓе не се повеќе во мојот живот, затоа што не сум повеќе ни тоа ЈАС!”.


Разговорите со девојките
Најомаловажувачко за вашиот партнер би било чувството тој да знае дека сте го оговарале пред своите пријателки. Тоа секако дека се случува, но навистина непотребно е да знае. Неговото его ќе биде нарушено и довербата веднаш ќе биде разнишана после ваквото сознание.

Женските работи
Навистина нема никаква потреба, Тој да знае за вашите брчки, акни, депилации или за периодот. Тоа треба да е ваша тајна, која ќе успеете набрзина да ја средите, поправите, без никој да ве запримети.

Тајните на вашите пријателки
Никогаш, ама баш никогаш не смеете да си го дозволите ова. Она што се случува со вашите пријателки, останува и се случува само таму. Доколку споделите нешто со него, може да се случи несвесно да го промените концептот за советување и однесување во кругот на вашите луѓе.

Делот од вашето минато на кое не сте баш горда
Заборавете на искреноста во однос на споделувањето вакви детали. Тој не мора да знае дали сте биле луда, дали сте правеле многу грешки или можеби сте биле бубалица.

За крај, советуваме дел од срцето да го заклучите и да го ставите во џебот на разумот кому ќе му ја оставите потешката работа:,,Да ве натера понекогаш мудро да молчите!”

GOLD
To Top