Новости

Женски муабети

8 Знаци кои веројатно не ги знаете, а ве издаваат дека имате ниска самодоверба

Ниската самодоверба е проблем на повеќето жени ширум светот. Се разбираа таа не е добредојдена и претставува проблем кој некако сами си го наметнуваме. Во продолжение, погледнете кои се знаците кои ве издаваат дека имате ниска самодоверба.

Во врска со физичкиот изглед… Носите големи палта и бунди со широки раменици

Аутфитот може да зборува многу за вас и вашиот однос кон светот. Палтата со поткренати рамена, покажуваат дека присилно сакате да се истакнете во толпата и да покажете моќ. Но, се разбира тоа не се случува кај сите жени.

Верувајте, филтрите на секое ваше селфи, се очигледни

Постојаното филтрирање и фотошопирање на фотографиите кои ги сликате, станува очигледно, а тоа е знак дека вие не си се допаѓате на самата себе.

Во друштво постојано се жалите за вашиот живот

Незадоволството од вашиот живот, раскажува дека вие не сте задоволни од вашиот успех, а тоа повлекува низа размислувања за вас како особа која веројатно има и тоа како ниска самодоверба.

Секој разговор го почнувате со: „Не знам, јас мислам, но не сум сигурна…“

Секогаш првите реченици со било кој соговорник, ви започнуваат со несигурност, а тоа значи дека немате став. А тоа значи дека не сте сигурна во своите сфаќања и размислувања. Немате свое мото, немате план. Едноставно не си верувате во себе си.

Се плашите од себе

Ова е најлошото што може да му се случи на човек. Стравот од самиот себе. До толку сте ја изгубиле реалната слика за себе си и вашето алтер его, што не се ни осмелувате да ги конфронтирате.

Постојано барате причина или народски кажано „рачка“ за да избегнете состаноци

Постојано имате понуди за состаноци, романтични вечери. Но, вие бегате од истите и се криете зад маската „не ми се допаѓа“. А зар не сте помислиле? Не ви се допаѓа ТОЈ или не си се допаѓате вие и се плашите да не згрешите?

Кога некој ќе побара нешто од вас да направите, вас ве фаќа паника да не го направите погрешно и веднаш помислувате: „Не знам како да го направам тоа!“

Дури кога некој од вас ќе го побара и наједноставно нешто, вие се потите, чувствувате немир, ви се тресат рацете и не ни помислувате дека вие тоа „нешто“ можете да го направите. Не ни се трудите околу тоа, туку само знаете дека не можите и како ли ќе изгледате во другите очи. Веднаш се плашите од исходот, кој според вас е секогаш во негативна конотација.

Ја променувате интонацијата на гласот и давате комплименти само за да станете допадлива

Да, но всушност не разбирате дека вие станувате нешто што не сте во тие моменти и изгледате смешно. Преголемото трудење некој да ве засака, дури изгледа нападно и е голем знак на отсуство на самодоверба.

Ако и вие се пронајдовте во овие знаци, време е нешто да превземете околу цело ова недоразбирање во вашата интровертност. А како? Едноставно, решете се да не ви е гајле што ќе мислат другите за вас. Едноставно сакајте се, прифатете се, а и да погрешите, има кој да ви суди.

GOLD
To Top