Новости

Женски муабети

8 Работи кои жените „не смеат“ да ги прават после 40

Многу жени стануваат свесни за себе си, својот изглед и карактер токму во овие години. Доаѓа период на конечно прифаќање на личноста што сте ја креирале со години. Тие жени треба да бидат нашиот репер, а еве што точно не смеете да си дозволите да правите и да помислувате после 40 години и да уживате во комплетна среќа:

Престанете да се жалите околу белата коса и брчките

Факт е дека старееме, но не смеете да ја прифатите староста како нешто болно, стресно и опасно. Седата коса и брчките се само уште еден потсетник за вашите доживувања и спомени кои сте ги изградиле низ младоста. Тие ја претставуваат вашата прекрасна историја и креација.

Вежбајте

Кардио вежбите се релевантни за оваа возраст, па една студија препорачува дека треба да се движите најмалку 30 минути дневно. Седењето може да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.

 Разгалете се со добра масажа или педикир

Барем еднаш месечно посветете си ден само на себе. Ако тоа не можете да го остварите поради финансии, козметиката денес нуди или открива многу домашни алтернативни трикови кои може да делуваат чудотворно.

Избегнувајте тесни панталони

Вистинско време е да се ослободите од многуте тесни панталони од вашиот плакар. Оваа облека може да предизвика стомачни болки, надуеност, па дури и палпитации на срцето. Тоа е всушност толку честа појава што има дури и име – „синдром на тесни панталони“.

Време е да ги отстраните токсичните луѓе околу вас

Ок, можеби до сега не сте бирале со кого сте и колку пријатели имате. Но, време е за селекција затоа што во овие години стресот може да биде поголем, а не сакате да си го нанесете тоа. Студијата од 2010 година објавена во списанието Proceedings of the Royal Society покажа дека само еден негативен пријател или член на семејството може да ги удвои вашите шанси да бидете несреќни.

Не заборавајте да користите крема за сончање со заштитен фактор и козметика што ќе одговара на вашиот тип на кожа

Многу експерти велат дека никогаш не треба да користиме крема за сончање под SPF 30. Сè пониско од тоа може да предизвика флеки, како и да го забрза процесот на стареење, а исто така може да доведе до зголемување на брчките. Внимавајте и со козметиката која можеби до сега не сте ја бирале, но сега треба да одбирате токму такви козметички производи кои ќе одговараат на вашиот тип на кожа.

Променете ја работата од која не сте задоволни

Оставањето работа што ве прави несреќни не само што го подобрува вашето ментално здравје, туку и физичката благосостојба, па ако вашата моментална работа е неисполнета, сменете ја.

Престанете да се споредувате со другите

Ако се фокусирате на фактот дека вашето животно патување е само ваше, резултатите можат да бидат исклучително ослободувачки. Бидете верни на себе, а не на туѓата верзија на вас.

Евротип
SNBROKER
To Top