Новости

Женски муабети

Како да се преброди стравот?

Се додека не се обидеме да го запреме, стравот секогаш ќе постои, велат психолозите.
Доколку сами се соочиме со својот страв, колку и да ни е тешко, може и самите да го победиме.

Еден од начините на кои може да се направи тоа е полека и одмерено, во помали количини да се изложуваме себеси на она што не плаши. Како пример-стравот од куче може да се надмине со помош на миленикот на некој наш пријател. Ако се јават првите знаци на стрес, важно е да се постигне олабавување проследено со длабоко дишење и нормално пауза до следната етапа од дружењето со кучето. Визуелизирање со предметот на стравот е добар пристап. На овој начин стравот го сервираме во мали дози и се навикнуваме на тоа чувство до степен на занемарување.

Потребно е време и волја да се надмине траумата.

GOLD
To Top