Новости

Женски муабети

Кога една врата се затвора, другата чека на вас да ја отворите!

Дисциплина –„туткање сандуци“

Првиот чекор во нова работна средина е правопропорционален со будењето на заспаната убавица од замокот. Многу раце ти се нудат во знак на помош, многу пријателски и компетенти совети ти ја манифестираат самодовербата и надежта. Едноставно се внесуваш во жарот на себепотврдувањето, кога одеднаш се појавува дисциплината т.н. „туркање сандуци.“

Што се случува? Доколку ја совладаш ќе бидеш дел од екипата, од „тимот -соработници“ и секако ќе го изгубиш сопственото – јас. Во спротивно на тебе ќе се гледа со мега доза на селекција и нормално зошто да чекаш да те отстранат кога самата можеш да си дадеш „отказ“ како друга опција во етапата од деловниот развој и слободно можеш повторно да се успиеш до следното поинакво работно место, искрено надевајќи се на божја рака.
Наскоро ќе се разбудиш од длабокиот сон. Можеби и ќе се просветлиш?!

Затоа што ако не ја затвориме старата врата, никогаш нема да отвориме нова!

GOLD
To Top