Новости

Женски муабети

Секоја жена треба да знае!

Секоја жена треба да знае:

Како да се заљуби без да се изгуби себе си.

Како да си даде отказ од работата, да раскине љубовна врска и да и се спротивстави на пријателката без да го наруши пријателството.

Како да даде повеќе од себе, а кога да си замине.

Како да бакнува на начин кој правилно ќе покаже што сака, а што не сака тој бакнеж да предизвика.

Како убаво да си помине на забава на која не сака да оди.

Како да го побара тоа што го сака на начин кој ќе и овозможи да го добие тоа.

Дека не може да ја промени должината на нозете, ширината на колковите и карактерот на своите родители.

Дека нејзиното детство можеби не било совршено, но е завршено.

Што може да направи, а што не, во име на љубовта.

Како да живее сама иако не сака.

Кому може да верува, а кому не и зошто тоа не треба лично да го сваќа.

Каде да оди кога на нејзината душа и е потребен мир (кај пријателка, во шумска куќичка…)

Што може, а што не може да заврши за еден ден, месец или година.

…И веројатно треба да знае зошто велат дека животот почнува по 30тата.

 

 

GOLD
To Top