Новости

Женски муабети

Толку ли е тешко да се биде силна и храбра?

Да се биде силна и храбра или да се дозволи стравот и несигурноста да надвладеат?
Срцето на Амазонката не знаело за страв ниту во моментот кога била прободена од стрелата на непријателот.
Во парафразата на анонимниот автор – „ во модерното време ТАА започнува да се бори со самото зачнување на животот, продолжува да се бори со хомогени цели при формирањето на хетерогена средина и завршува со борба кога никој повеќе нема ниту здив“ е содржана целата суштина на постоењето на женското битие.

И уште -„нејзиното постоење е партија шах во која ТАА настојува со стратешки и правилни потези да го продолжи векот на нејзиното КРАЛСТВО.“

Бидете таа жена. Движете се сигурни и без никаков сомнеж трудете се кон исполнување на вашите цели. Ништо не губите. Освен победа во ,,партијата шах!”

GOLD
To Top