Новости

Живот

Будење на вашиот Икигаи

Најмоќните лекции што можеме да ги научиме во животот се наједноставните. Кен Моги, невролог и автор на „Будење на вашиот икигаи“, го сфатил ова кога американски говорник ја споменал оваа јапонска практика на ТЕДекс-конференција. „Начинот на кој таа зборуваше за концептот, толку страсно, ме натера да ја преиспитам вредноста на икигаи, што сосема природно доаѓа за Јапонците, како воздухот што го дишеме“, вели тој.

Ова можеби е во природата на оние што живеат во Јапонија, но има многу да научиме од оваа античка филозофија. „Икигаи е јапонски збор за опишување на задоволство и значење на животот“, објаснува Моги во неговата книга.

Кога икигаи се практикува и е присутен во животот, има потенцијал да го расчисти стресот и да ви помогне да ја најдете целта да се будите со радост секој ден. Кој не би го сакал тоа? Не грижете се, ова не вклучува драстична промена на животниот стил. Еве како можете да вклучите икигаи во вашата рутина.

7 часот наутро – поздравете го сонцето

Ако имате тенденција да лежите подолго време откако сте будни, Могул вели дека икигаи е токму за вас. „Икигаи се смета за причина за станување наутро. Тоа е она што ви дава мотивација за живеење на животот. Икигаи ви дава апетит за животот и ве тера едвај да чекате да започне секој нов ден“, вели Моги.

Првата лекција што треба да ја вметнете во вашата рутина е да се разбудите малку порано за да го поздравите денот. „Етосот за будење рано наутро е вграден во јапонската култура. Хормоналните регулации во мозокот се познати по тоа што се во хармонија со процесите на сонцето, па затоа има смисла да бидете во синхронизација со сонцето, бидејќи циркадниот ритам е нагоден со природните циклуси на денот и ноќта“, објаснува тој. Со приспособување на вашата рутина да биде во согласност со изгрејсонцето, ќе се чувствувате поалармантни и способни да ги исполните предизвиците што доаѓаат.

Моги вели дека утрата се одлично време за фокусирање на малите детали и за уживање во радоста во малите нешта.

8 часот наутро – уживајте на пат кон работа

„Уживајте во патот до работа слушајќи ја омилената музика или аудиокнига. Луѓето уживаат во чувството на достигнување кога ќе видат дека ја реализирале задачата“, вели тој.

Нешто едноставно како избор на поткаст-серии што секојдневно ве едуцираат, а вие секој ден слушате една епизода, може да го претвори вашето патување во време во кое ќе уживате. Друга опција е пишувањето, како на пример пишување листа со благодарност или нешто слично. Она што ви е потребно е позитивен став и лаптоп.

Пладне – варијации на вашата рутина

Ако почнете да се чувствувате немирни до пладне, Моги вели дека е од клучно значење да ја промените вашата рутина. „На паузата за ручек направете нешто необично. На пример, ако сте биле во канцеларија, излезете на отворено и ручајте под дрво. Ако сте биле сами, тогаш разговарајте со некого“, вели тој.

15 часот – испразнете го умот

До пладне ќе чувствувате како да сте во ментална опасност. Верувале или не, ова е најдобро време да не правите апсолутно ништо. „Само релаксирајте се за време на паузата за кафе и испразнете го умот некои 10 минути, не размислувајќи за ништо“, вели Моги.

Извор: Факултети.мк

GOLD
To Top