Новости

Живот

Во животот се заљубуваме само три пати

Љубов е самo обичен збор, сè додека не се појави некоја личност и му даде смисла на тој збор. Луѓето велат дека во животот вистински се заљубуваме само три пати и за секој доаѓа во вистинското време и поради вистинските причини.

Прва љубов 

Првата љубов најчесто се појавува во тинејџерските години и таа е невина љубов како оние љубовни приказни за кои читаме и ги гледаме на телевизија. Се впуштаме во љубовна врска за која сметаме дека тоа ќе биде нашата прва и единствена љубов. Понекогаш дури и врската да не функционира како што треба, луѓето прават сè  за да ја спасат врската и ги оставаат настрана своите желби, мислења и ставови.

Втора љубов

Оваа љубов е обично “тешка” љубов која нè учи на многу животни лекции за тоа кој сме и што сакаме од нашиот живот и каква љубов навистина бараме. Оваа љубов боли, полна е со лаги и заблуди, манипулации и солзи. Со втората љубов често пати ќе ја прекинете врската и повторно ќе влезете надевајќи се дека ќе успеете да променете нешто. Но, во суштина таа станува полоша и полоша и повеќе исполнета со драми и проблеми.

Трета љубов

Тоа е љубовта која нè пречекува потполно неподготвени. Тоа е љубовта за која не се надеваме, која не ја очекуваме, бидејќи сметаме дека е поптолно погрешна откако сме поминале низ бродолом од претходните врски. Овој вид на врска тешко може да се објасни со зборови, поради неа луѓето се подготвени да ги направат и најлудите работи. За прв пат партнерите се прифаќаат токму такви какви што се. Оваа љубов ги руши сите “предрасуди” поврзани за љубовта и се движи во правец кој ни одговара нам и на нашите потреби.

Извор:Точка.ком.мк

 

GOLD
To Top