Новости

Живот

Дали е нормално да се паузира со секс во долга врска?

Истражувањето на Си-Ен-Ен покажа дека сексуалниот живот на дури 40 милиони Американци влегол во рутина. Сексуалните терапевти тврдат дека ситуацијата не е подобра ни кај Британците. Причините се нереални очекувања и стрес. Иако повеќето брачни двојки в кревет најмногу копнеат за сон, неопходно е со мали трикови да ја оживеат страста. 

Стручњаците велат дека возбудливиот сексуален живот по 10, 20 и 30 години во брак не е случајност, туку резултат на посветеност и на залагање.

До него се доаѓа на следниот начин:

1) Престанете да верувате дека немањето секс е нормална работа 

Со текот на времето сексуалната желба меѓу сопружниците се намалува. Во ред е таа реалност да се прифати, но не и да се престане со трудот да се оживее желбата бидејќи тоа може да се направи.

2) Брачните односи и сексот не можат едно без друго  

Повеќето брачни двојки забораваат на меѓусебното влијание што сексот и врската го имаат. Залагањето за подобар секс се одразува на односот, како и обратно, кога се работи за напредување на врската и сексот станува поквалитетен.

3) Не занемарувајте ниеден момент на страст 

Реагирајте на мали сигнали. Иако желбата за секс станува треперење како што поминуваат годините, а не „пожар“, кога ќе се појави страста, намалете го времето меѓу импулсот и акцијата.

4) Проверете го здравјето

Кај општиот лекар проверете ја здравствената состојба. Ако е потребно, помош побарајте во одредена терапија.

5) Водете дневник за своите желби 

Запишете го сето она што посакувате да го пробате со партнерот, како и сето она што сте го правеле на почетокот од врската. Направете листа на работи што најмногу ви недостасуваат во сексот и повторно испробајте ги.

6)  Купете секси-играчки и помагала 

 

Не срамете се да испробате разни секси-играчки. Вибраторот на многу жени им помага да го откријат патот до сексуалното задоволство.

7) Зголемете ја сексуалната активност 

Ако сексуалниот живот сосема го запоставите, со време ќе се навикнете на таа неактивност. Но со зголемување на сексуалната активност само се ствара се поголема желба за секс и тоа е вистинскиот пат до редовен секс.

8) Разговарајте со партнерот 

Отворено зборувајте со партнерот за меѓусебните желби и потреби. И не осудувајте ги неговите предлози.

9) Еротски книги и филмови – ДА

Гледањето еротски филмови, фотографии и читање еротски романи позитивно влијаат на либидото. Без срам запознајте се со овие содржини. Најдобро решение е тоа да го правите заедно со партнерот.

Евротип
SNBROKER
To Top