Новости

Живот

Дали знаете да ги читате емоциите на луѓето?

Повеќето луѓе веруваат дека емотивната состојба најдобро се гледа на лицето на човекот, но тоа е погрешно верување.

Ако имате проблем со читањето на емоциите на другите личности, веројатно гледате на погрешно место. Наместо во лицето, потребно е да ги гледате во нивните движења на телото, бидејќи телото ги открива емоциите, велат најновите истражувања.

Мажите и жените, учесници на испитувањата, проценувале фотографии од личности, односно емоции на нивните лица, но и телото. Се покажало дека тие значително поточно погодуваат кога ги набљудувале фотографиите со цело тело на човекот. Научниците потоа спровеле други експерименти, а сите тие резултирале со ист заклучок – телото подобро ги открива емоциите отколку лицето.

– Западното општество верува дека за личноста може многу да се дознае од погледот на нејзиното/неговото лице, меѓутоа тоа не е баш така. Емоциите ги доживува целото човечко тело, а не само лицето, и затоа и може да се чита од телото. Телото многу зборува за личноста – истакна водачот на истражувањето, Др.Хилел Авизер за магазинот „Science“.

Положбата на раката, дланките, положбата на ногата, подгрбавеноста или исправеноста, сето тоа го открива човечкот одржење, а ова најново истражување покажува дека невербалната комуникација е особено важна.

Колку добро може да прочитате нечии мисли според нивните изрази на лицето? „Њујорк тајмс“ има тест со кој од Вас се бара да го одредите чувството на лицето на личноста со гледање на нивните очи.

За да проверите колку добро можете да ги прочитате туѓите емоции од изразот на нивното лице, ви предлагаме да го направите следниот тест.

Не грижете се, никој нема да го знае резултатот од тестот освен Вас. Па, вреди да се проба, зарем не?

Тестот пронајдете го ОВДЕ.

GOLD
To Top