Новости

Живот

Која е вашата сексуална фантазија?

На почетокот на секоја врска сексуалните фантазии се табу тема помеѓу партнерите, но нешто подоцна тие стануваат дел од интимната комуникација.

Многумина мислат дека некои секс фантазии се „премногу“ за да бидат јавно споделени со партнерот и покрај тоа што на крајот од денот фантазиите и кај мажот и кај жената се речиси исти.

Мажите мислат на секс двојно повеќе од жените

Просечниот маж помислува на секс околу 19 пати во текот на денот, додека пак кај просечната жена овој број се движи околу 10 пати. Иако ретко кога сакаат да признаат, како мажите, така и жените најчесто фантазираат за мошне слични нешта.

Сексот во тројка најчеста фантазија

Според истражувањата сексот во тројка е една од најчестите секс фантазии, додека пак „златниот туш“ е  најнепосакуваното задоволство.

Повеќето жени сакаат да имаат секс на романтично место, додека пак мажите најчесто посакуваат да имаат орален секс и секс со две жени истовремено.

Односот во врската може да влијае врз секс фантазиите

Односот на партнерите може да влијае врз тоа какви ќе бидат секс игрите во нивниот интимен однос. Една студија покажала дека секс фантазиите можат да ги откријат чувствата кои партнерите ги имаат еден за друг.

На пример, партнерите кои имаат вознемирувачки односи меѓу себе, имаат секс фантазии  со емотивно приврзување еден кон друг, додека оние партнери кои се плашат дека ќе бидат напуштени имаат агресивни фантазии.

GOLD
To Top