Новости

Живот

Митови за човечкото тело

Имаме само пет сетила

Мит: Вид, мирис, допир, вкус, слух. Ова се пет сетила кои ги запознаваме со најраната едукација, и секако шестото кое ни го додава телевизијата…знаете…она за магии што се користеше. Оваа оригинална класификација главно можеме да му ја препишеме на Аристотел, и ако не се слагате со него, практично не се слагате со човекот кој ја измислил „паметноста“.

Факт: Научниците сеуште не се согласени на бројот на сетилата, ниту пак што точно претставува едно сетило, но нивниот број е сигурно поголем од пет. Зависно од тоа како ги класифицираме и броиме, се движат од 14 до околу 20 сетила.

Харвардската медицицинска школа, ни наведува уште неколку освен очигледните пет, како на пример осетот за позицијата на деловите на нашето тело. Тоа е сетилото кое го користите кога сакате, на пример, да си го допрете носот со Вашата рака.

Еден од водечките неуролози во светот, David Eagleman, тврди дека едно од најкористените сетила што никој не ги споменува е сетилото за време. На пример ако се затворите во бела соба, во комплетна тишина, тоа е сетилото што ќе Ви каже колку време сте изгубиле за да го тестирате, бидејќи не сте ни верувале во старт.

Мапа на вкусови

Мит: Една од првите лекции кои ги учиме за усната шуплина е секако онаа за јазикот. Овој орган е мапиран на региони кои се специјализирани за детектирање на различни вкусови како солено, благо, горко и кисело.

Факт: Вашите наставнички најверојатно Ви ја пренеле истата погрешна информација, која оди од катедра до катедра со децении, и е комплетно погрешна.

Германскиот научник D.P.Hanig, во 1901 година, извршил серија на тестови за вкус, преку кои дознал дека одредени личности доживуваат одредени вкусови поинтензивно, на одредени региони на нивните јазици. Четириесет години и еден погрешен превод покасно, еден Харвардски академик, Dr. Boring (заслужено), ги протолкувал овие резултати на свој начин, правејќи мапа на јазикот според која ние ги осеќаме овие различни вкусови. Во реалноста нашиот јазик подеднакво ги осеќа сите вкусови, низ сите свои региони, во најголем дел од времето.

Најголем дел од топлината ја испуштаме преку нашите глави

Мит: Една од најголемите мудрости пренесена од нашите родители, која како ехо ке одекнува до крајот на нашите животи…„Земи си ја капата, ладно е…“

Факт: Процентот на топлина која ја губиме според митот варира, понекогаш достигајќи вртоглави 80% од нашата телесна топлина. Во реалноста покривање на одреден дел од телото е онолку ефективно ко покривање на било кој друг. Ова погрешно тврдење во старт произлегло од експеримент извршен над армијата на САД (барем на многу мал дел од неа), во 1950-тата, каде на испитаниците по некоја случајност заборавиле да им дадат капи. По ова бил испечатен водич за преживување, каде Ве советувале да ја покриете Вашата глава секогаш кога излагате на ладно, бидејќи овој дел од телото губи од 40-45% телесна топлина. Од ова имало неколку придобивки: лоша статистика, причина да се грижите за Вашите деца и причина да ги облекувате со симпатични капчиња.

Со ова не би сакале да Ви кажеме да излагате на ладно време без заштита. Секогаш покривајте ја главата…истот важи и за левата нога…десната рака…прилично секој дел од телото.

 

GOLD
To Top