Новости

Живот

Ослободете се од грижата за туѓото мислење

Обидете се да не мислите како другите го набљудуваат или проценуваат секој ваш чекор. Формирајте сопствено мислење врз основа на аргументи и докази. Носете одлуки засновани на вашите вредности, наместо да ги загрозувате сопствените верувања поради тоа што мислат другите.

Станете сигурни во себе!

Прифатете го секој свој аспект, токму такви какви што сте. Не обидувајте се да се промените само за да ги задоволите другите.

Направете список со карактеристиките што ги сакате кај себе и со оние што сакате да ги подобрите. Наместо да размислувате за неуспех или за срам, обидете се да си замислите дека сè е во ред. Не размислувајте за туѓите мислења, фокусирајте се на сопствените и изградете личен став. Кога ќе станете свесни за себе и ќе си ги прифатите сите маани и доблести, тогаш ќе бидете сигурни во тоа што го зборувате и што го правите.

Формирајте сопствено мислење!

При формирањето на личното мислење за нешто или за некого, потрудете се да соберете што повеќе информации. Значи, за да бидете сигурни во своето мислење, мора да владеете со информации. Избегнувајте инстинктивно да се согласувате со другите.

Исто така, пред да го прифатите туѓото мислење, проценете колку вашиот соговорник е стручен за темата за која зборува. Од поинаква перспектива согледајте дали можеби постои некој личен мотив за туѓото размислување или соговорникот само така си зборува.

Бидете искрени и отворени, без разлика што мислат луѓето за вас. Имајте на ум дека е сосема во ред да не се согласувате со луѓето.

Откријте се себеси и сопствениот стил

Обидете се да составите листа со карактерни особини што опишуваат кои сте всушност вие. Издвојте ги оние што ви се важни, како, на пример, искреноста, лојалноста или духовитоста.

Носете одлуки врз основа на сопствените вредности. Правете избори кои се во согласност со вашите приоритети наместо да го правите тоа што луѓето околу вас мислат дека е „кул“. Претставете се на начин кој ќе ве прави среќни.

Извор:Факултети.мк

GOLD
To Top