Новости

Живот

Секојдневни афирмации кои можат значително да ви го подобрат животот

Често заглавуваме со лоши мисли, обвинувајќи се себеси или, пак, другите за нешто што се случило. Дозволуваме да влеземе во разговори на озборување, политика и на лоши теми, кои дополнително ни отежнуваат. Иако некои работи, сепак, не можеме да ги избегнеме, треба да се натераме да размислуваме попозитивно.

Ова се неколку позитивни мантри, кои ќе ни помогнат во тоа.

Најголемата и најсложена пречка со која ќе се соочам е мојот ум. Ако успеам тоа да го надминам, можам сè да надминам.

Не можам да контролирам тоа што ми се случува во животот, но можам да контролирам како тоа влијае на мене. Во мојот одговор лежи мојата сила.

Морам да прифатам дека во животот постојат и добри и лоши денови. Сакам сила за да уживам целосно во добрите денови и сила за да се соочам со потешките.

Треба да се фокусирам на тоа колку благословен и среќен сум, наместо тоа колку сум под стрес. Жалењето нема да ја смени мојата реалност.

Да се биде позитивен не значи да се игнорира негативното. Да се биде позитивен значи да се надмине негативното. Постои голема разлика меѓу тие две нешта.

Јас не сум резултат на условите во кои функционирам. Јас сум резултат на одлуките. Не дозволувам мојот страв да ја одреди мојата иднина.

Трпението е најдобриот резултат на довербата, прифаќањето и вербата во мојот живот. Тоа е симбол на мојата сила.

Наместо да се лутам за нештата кои се случиле, јас најдов важна лекција во нив.

Не постои ништо себично во љубовта кон самите себеси. Не можам на другите да им го дадам тоа што не го поседувам.

Евротип
Евротип
To Top