Новости

Живот

Сексуални фантазии: За што сонуваат жените, а за што мажите?

Група научници спроведе мало истражување за тоа што сакаат мажите и жените за време на секс. Кој се нивните фантазии и што им ја разгорува страста.

Студијата вклучила 1.516 испитаници кои добиле листа на 55 различни секс фантазии (од секс со повеќе партнери до секс со предмети и животни). За секоја фантазија беше неопходно да се оценува интензитетот, а омилениот дел да го опишат колку што е можно повеќе. Најпопуларна фантазија на двата пола е сексот кој вклучува романтични чувства. Навистина изненадувачки, зарем не?

Исто така, на врвот се најде и секс на неочекувано и необично место. Сепак, ова не е крај на интересните податоци. Дури 65 проценти од жените одбрале сексуална подреденост како една од омилените сексуални фантазии.

Повеќе од 52 проценти од жените одлучиле за различни варијанти на обврзување, 36 проценти за секс со разни имагинации, а 28.9 се одлучиле за тоа што биле принудени на секс од страна на мажите.

Мажите, исто така, имаат слични фантазии како овие, но сепак им даваат предност на оралната фантазија, секс надвор од бракот, секс со неколку жени и ејакулација на телото на партнерот.

 

GOLD
To Top