Новости

Живот

Тајните на умот: Среќата доаѓа во различни форми

 Едно нешто кое мораме да го сфатиме за тагата и среќата е тоа дека ниту едното ниту другото не се вечни. Како луѓе, во животот ги чувствуваме и едната и другата емоција. Не постои ништо лошо, ниту пак чудно во тоа.

Понекогаш доаѓа подолг лош или подобар, посреќен период, но нашиот ум прави да ги забележуваме само лошите периоди. Како да не ги забележуваме и не сме благодарни за убавите моменти.

Среќата не е цел кон која треба да се насочиме и да стигнеме некогаш, туку патека по која треба да одбираме и се трудиме да чекориме. Нештата кои најмногу не плашат се најчесто најдобри за нас. Се плашиме да направиме промена, се плашиме да се ослободиме од личноста која веќе не ни носи ништо добро во животот, се плашиме од многу работи.

Една од најтешките работи кои треба да си ги признаеме себеси е дека најчесто самите ја креираме својата тага илки среќа. Но, ретко кој сака да го признае ова и многу почесто сакаме да ја обвинуваме судбината, некоја друга личност или фактор за тоа што ни се случува. Но, тоа е само бегање од одговорноста. Самите сме одговорни за својата среќа и самите треба да ја создадеме и да дојдеме до неа.

Секоја личност ја има истата борба, секој од нас се обидува да биде среќен. Но, голем дел од луѓето го живеат својот живот во грч, во стрес не мислејќи дека треба нешто да преземат околу тоа. Треба да бидеме доволно храбри за да го слушаме своето срце дури и кога се плашиме од тоа што ни го кажува.

Среќата доаѓа во многу форми – друштвото на пријателите, убавото чувство кога ќе исполниме некоја цел, раздвижувањето после работа, исполнетите ветувања. Наше е само да препознаеме што не прави среќни и да се потрудиме да го постигнеме тоа.

GOLD
To Top