Новости

Живот

Трикови поврзани со нашето тело, кои не сте ги знаеле

Помалку познати трикови што ќе ве натераат да се запрашате: „Зошто не сум ги знаел претходно?!“

1.Ако сакате да го запрете кивањето, тогаш притиснете ја областа веднаш над вашата горна уста. Секако, кога имате можност слободно да кивнете, кивнете, меѓутоа, овој трик можете да го искористите кога се наоѓате во ситуација каде што сте спречени да кивнете.

2. Сфенопалатинска ганглионевралгија е научен израз за замрзнување на мозокот, што најчесто се случува кога ќе се напиете студен пијалак или кога јадете сладолед. За да го спречите ова чувство, притиснете го и држете го јазикот на врвот од вашата уста.

3. Ако прочитате параграф или реченица наназад, тогаш ќе можете да си ги допрете нозете.

4.Ако имате затнати синуси, можете да ги испразните со притискање со јазикот на горниот дел од устата, а потоа со притискање со прстот помеѓу вашите веги.

5.За да слушнете како некој зборува во другата соба, лесно повлечете го малото делче од двете уши – а потоа турнете го навнатре.

6.Легнете од левата страна за да спречите киселини во стомакот, откако сте изеле голем оброк пред спиење.

7.Спречете го крвавењето на носот така што ќе ја поместите главата малку напред, а потоа ќе го држите носот затнат во специфична точка околу 5 минути.

Според блог на „Харвард“, почнете така што лесно ќе ги ставите палецот и показалецот на секоја страна од носот, а потоа лесно ќе ги придвижите додека не стигнете до ’рскавицата. Стиснете таму, така што ќе ги држите двете страни од носот – држете така пет минути.

8. За да се смирите кога сте нервозни, ставете го палецот во устата, затворете ја устата и обидете се да дувате – дозволете им на образите да се надујат.

9. Или гледајте во овој смирувачки гиф и земете здив неколку пати.

10.Кога случајно ќе си го изгорите јазикот со жешко кафе или чај, ќе ви помогне многу студена вода (но не и мраз).

11. За да ви помине икањето: длабоко вдишете, држете, двапати голтнете, а потоа издишете низ носот.

12. Доколку некоја песна постојано ви се врти низ глава, гумата за џвакање ќе ви помогне да се ослободите од неа.

Извор:Факултети.мк

GOLD
To Top