Новости

Астрологија

Фасцинантни факти за луѓето родени во ноември

Доколку сте родени во ноември или пак познавате некоја личност којашто е родена овој месец, тогаш овие факти сигурно би ве интересирале!

Луѓето родени во ноември се одлични пријатели

Тие уживаат во искрени пријателства кои траат со години и знаат да бидат навистина добар и искрен пријател. Дали ова ве потсетува на вас или на некој пријател роден во ноември?

Момчињата родени во ноември најчесто се левораки

Едно истражување спроведено во Германија, покажало дека момчињата кои се родиле во период меѓу ноември и почетокот на зимата се левораки поради високото ниво на тестостерон.

Скапоцени камења – цитрин и топаз

Луѓето родени во ноември имаат два камена според месецот на раѓање: златно-жолтиот цитрин, познат како камен на оптимизмот и кристалот топаз (најчесто со сини нијанси). За овие камења се вели дека имаа лекувачки и смирувачки енергии.

Помал ризик од голем број на здравствени состојби

Според истражување спроведено од Универзитетот Оксфорд, кај децата родени во ноември веројатноста е мала дека ќе се појави мултипла склероза. Студиите покажале и дека веројатноста е мала од појава на срцеви болести и рак на белите дробови.

Луѓето не можат да им одолеат

Има нешто во нивниот карактер и појава, што ги привлекува другите луѓе. Некои велат дека се работи за мистериозни катактеристики. Нивниот изглед е навистина привлечен, што е уште една причина поради која го привлекуваат вниманието на другите.

Хороскопскиот знак е Шкорпија или Стрелец

Оние кои се родени на почетокот на ноември, сè до 21, се страствени Шкорпии. Сите останати, родени од 22 па сè до крајот на месецот се стрелци, со великодушна душа и добра смисла за хумор. Двата хороскопски знаци имаат силен карактер.

Многу ретко се депресивни

Според уште едно истражување направено во Велика Британија, луѓето родени во ноември многу помалку страдаат од депресија за разлика од другите луѓе. Кај луѓето родени во пролетните месеци, депресијата многу почесто се појавува.

Го делат месецот на раѓање со извонредни познати личности

Во ноември се родени и едни од најголемите светски ѕвезди како Скарлет Јохансон, Леонардо ди Каприо, Рајан Гослинг, Ема Стоун, Џош Духамел и Метју Меконахи.

Цвет – хризантема

Секоја личност има свој цвет според месецот на раѓање, а на оние родени во ноември е хризантемата. Овој цвет симболизира радост и оптимизам. Во јапонската култура овој цвет многу се величи и репрезентира совршеност. Се верува дека ако се стави само едно ливче на дното од чаша вино, тогаш загарантирано ќе имате долг и здрав живот.

Судено им е да се занимаваат со атлетика

Како и другите луѓе родени во есен, така и оние родени во ноември се одлични атлети. Тоа е поради високото ниво на витамин Д. Според една студија, луѓето родени во есенските месеци, особено во октомври и ноември, се побрзи и физички повеќе фит.

 

GOLD
To Top