Новости

Живот

Какви типови на луѓе сте во однос на начинот на кои ги трошите вашите пари?

Не сите имаат ист став кон парите. Вистина е дека парите ни го подобруваат и олеснуваат живеењето и некако сите стремиме кон тоа да имаме повеќе пари. Никогаш не ни е доволно, но дали знаеме да заштедиме или уживаме во нив без да видиме колку ни останале во џебот. Секој има различен однос и став кон нив, па проверете во која категорија ќе се пронајдете.

Луѓето кои сакаат возбуда и неизвесност

Луѓето кои сакаат возбуда и неизвесност, финансиите ги гледаат како игра во која можат да победат или изгубат. За нив, секој ден е нова авантура, тие се желни за ризик, дури и ако се свесни колку можат да изгубат. Тоа се претежно луѓе кои имаат многу пари, па големите инвестиции се предизвик за нив. Но, сепак имајте на ум, дека богатството понекогаш не е вечно, особено при ваквиот пристап. Имајте граница на вашите уживања.

Оние кои имаат тенденција детално да го испланираат трошењето на секој динар

За разлика од оние кои трошат по шопинзи, другиве заштедуваат пари по секоја цена и тешко можат да извадат пари од џебот. Тие внимателно управуваат со своите лични финансии, никогаш не се во долгови и ако се одлучат за заем, тогаш земаат заеми по најповолни услови и само кога навистина им е потребен.

Тие веројатно се лишуваат себе си од многу задоволства и повеќе би сакале да им биде досадно отколку да трошат пари. Да не се лажеме, по малку сте скржави ако сте дел од овие луѓе. Скржави, доколку штедењето ви преминало во навика или можеби опсесија.

Парите за вас се глобален проблем

Има и такви кои веруваат дека парите се причина за многу проблеми во светот. Ако сте и вие дел од оваа таргетна групација, вие сте идеалисти и креативци, па парите ги доживувате како нужно зло, а не приоритет. Знаете да уживаат во мали нешта и според вас, парите не се основните кои можат да донесат задоволства и среќа во животот. Но, сепак требаат. Понекогаш неминовно е да се спуштите од облаци и да признаете нешто што се контри на вашите ставови.

Трошите кога сте тажни

Ако трошите со задоволство на себе и на другите, вие сте личност која на парите гледа како нешто што ќе донесе среќа. Уживате во животот и сè што ви обезбедува. Понекогаш трошите повеќе отколку што ви треба, особено во моментите кога сте тажни или можеби ви е досадно. Сепак, иако знаеме дека луѓето од оваа категорија се непоправливи оптимисти во однос на парите и понекогаш трошат од повеќе, внимавајте на тоа. Бидејќи парите се трошат.

Како и да е, во кој и тип да припаѓате, запомнете дека парите се целта која да навистина може да ве направи среќни, но уживајте и по патот до нив и едноставно разберете дека може да бидете посреќни само дури се искачувате, отколку на врвот.

GOLD
To Top