Новости

Живот

Знаци кои ги покажуваат кучињата, штом се тажни и депресивни

Штом ќе помислиме на куче, на памет ни иди или си визуелизираме среќно разиграно и весело куче. Но, сте знаеле ли дека и кучињата можат да бидат тажни и депрсивни? Најчесто тоа можете да го забележите според промената на нивното однесување, навики и темперамент.

Кои се знаците за да ги откриете првите симптоми на депресија кај вашето куче?

Апетит

Кога се несреќни, кучињата го губат својот апетит, за на крај тоа да резултира со губење на килограми. Но, може да се случи и токму обратното. Несреќните кучиња можат да ја „лекуваат“ својата тага со козумирање на многу храна, па можат да се здебелат. Затоа најважно е да ја забележите секоја нивна промена во однос на исхраната.

Спиење

Познато е дека кучињата обожаваат да спијат, но штом се тажни тие спијат или предолго или воопшто не заспиваат. Додека пак ако заприметите дека вашето куче ја менува својата положба во текот на ноќното спиење, тоа е знак дека нешто го боли и веднаш треба да интервенирате кај ветеринар.

Pinterest

Ги избегнуваат игрите и нивните играчки

Штом вашето милениче, ги избегнува омилените играчки и покажува неволност штом вие ќе пробате да го анимирате, тоа е еден вид аларм кој треба да ве загрижи. Се разбира доколку тоа е само еден ден, е оправдано, затоа што и кучињата како и луѓето имаат лоши денови, но ако денот се претвори во неколку денови, тогаш може да заклучите дека вашето куче можеби не е среќно.

Деструктивно однесување

Знак дека кучињата се во депресија е и покажувањето на нивното деструктивно однесување. Ако тоа одеднаш започне да прави неред во околината, па ги уништува дури и сопствените играчки, голема е веројатноста да е депресивно.

Pinterest

Се повлекуваат во себе си

Исто како и луѓето и тие покажуваат незаинтересираност за околината, другите кучиња, луѓето, па дури и кон своите сопственици. Ова не го сфаќајте лично, туку како барање за помош од негова страна.

Нагласено џвакање и лижење 

Штом кучето непрестајно џвака, се лижи и се каса на својата кожа, тоа бара спас од депресивната состојба во која се наоѓа.

Избегнување на вашиот поглед

Доколку не сте од оние сопственици кои го избегнуваат „тета-тет“ погледот со вашето куче и сега одеднаш тоа ве избегнува, ситуацијата алармира на голема тага и болка која ја чувствуваат овие слатки животни.

Одење

Ако деновиве, вашиот најдобар пријател, не престанува да оди низ куќата, него како и на луѓето, можеби му е досадно. Но, можеби и е тажен.

Доколку вашето куче ги манифестира овие знаци или барем дел од нив, обидете се да го расположите, но сепак, побарајте помош од стручно лице.

GOLD
To Top